Вработените во УЈП на протест
Вработените во Управата за јавни приходи и во регионалните канцеларии на УЈП денеска излегоаа на предупредувачки протест со кој бараат зголемување на платите за 30 отсто.
Синдикатот на Управата за јавни приходи бара покачување на платите на вработените за 30 %. Членовите на синдикалните организации во повеќе градови во земјава излегоа на протест за да го изразат своето незадоволство затоа што, како што велат, тие се изоставени од законското покачување на платите во Министерството за финансии. Барањето го имаат доставено и до работодавачот и до ресорниот министер.
„Не сме опфатени во толкувањето од член 66 од Законот за буџет кај што има покачување на плата од 30 %, сметаме дека како и сите други во состав на Министерството ни следи. Барањето е многу оправдано базирано врз податоци статистички за покачување на кошницата на трошоци и сите други инфлациони параметри и сите други параметри шт се основ за синдикатот да бара а тоа го предвидува и колективниот договор дека треба да се коригираат врз бара на тие параметри и нашите плати“, изјави Агрон Емини, повереник на Синдикатот при Синдикална организација на УЈП во Тетово
Протестот беше во траење од час и половина, но доколку не бидат исполнети нивните барања најавуваат порадикални чекори, односно штрајк.
Следна порадикална мерка најверојатно би било штрајк уставнозагарантирано право кое то можеме да го оставариме доколку власта или работотдавачот не ни излезе во престерт на барањата кои се законски основани“, изјави Тања Сибиновска, вработена во УЈП РД Тетово
Во УЈП има над 1 000 вработени на ниво на цела Македонија.
Данијела Билбилоска