Вработени во Комунална хигиена од Тетово на протест поради неплатени придонеси

Од раководството велат причина за тоа се неплатените сметки од страна на граѓаните и бараат помош од Владата.

Вработените во Јавното комунално претпријатие од Тетово половина година се без здравствено и пензиско осигурување. Својот револт денес преку протест го изразија 70-тина вработени во Работната единица “Комунална хигиена“. Се жалат дека дел од нив се со хронични заболувања, па лековите мора да ги плаќаат приватно. Од раководството досега добивале само лажни ветувања.

Со истиот проблем се соочуваат околу 280 вработени во ЈКП Тетово. Според раководството, претпријатието работи со загуба од месец март, поради неплатени сметки од страна на граѓаните, а истите не можеле присилно да ги наплатат поради мерките. Бараат помош од Владата и од Општината.

Дополнително работниците од ЈКП Тетово се пожалија дека како вработени со ниски примања не добиле никаква помош од државата, како што се ваучери и други поволности.

error: Content is protected !!