Вработен во гинеколошкото одделение во Тетово позитивен на КОВИД 19
Не запира растот на новозаболени пациенти со КОВИД 19 во тетовско. Евидентирани се нови 5 заразаени со КОВИД 19, а едно лице позитивно на вирусот почина. Еден од заразените е вработен во гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Тетово
Во наредниот период масовно ќе се тестираат и лица без симптоми, со цел да се дознаат жариштата на коронавирусот во овој регион, велат од Центарот за јавно здравје Тетово.
Епидемиолог д-р Наим Скендери остава на властите да решат дали треба да се воведе карантин за тетовско, но и без карантин ако граѓаните ги почитуваат здравствените препораки можат да се заштитат себеси и семејството од вирусот.
Инаку досега Центарот за јавно здравје Тетово има направено 950 тестирања за коронавирус, а вонредниот скрининг на населението треба да започне деновиве.