Врнежите на снег го активираа алармот за чистење на јавните површини

Јавните површини во центарот на Тетово вклучувајќи ги улиците и тротоарите се проодни и исчистени од снегот, меѓутоа жителите од стариот дел на градот се подзаборавени кога станува збор за обезбедување на непречено движење на пешаци и автомобили при вакви услови.

Втор ден од снежните врнежи, а населбите од стариот дел на Тетово заборавени. Снегот на улиците го отежнува движењето и на возилата и на пешаците. Жителите на Два Бреста, Певчина и Колтук се незадоволни, бидејќи како што велат, при вакви временски услови овој дел од градот никогаш е исчистен, па им останува сами да се снаоѓаат.  

Од Општина Тетово велат дека екипи на Јавното комунално претпријатие од викендов постојано се на терен и активно работат на чистење од снежните наноси.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово апелираат сите сопственици на деловни објекти, дуќани и куќи да ги исчистат влезовите на истите, бидејќи во спротивно граѓаните ќе бидат соочени со парични казни.

Согласно Законот за јавна чистота и Законот за бeзбедност на патниот сообраќај, правните лица, сопственици на објекти, кои нема да обезбедат редовно и квалитетно чистење на снегот од јавните простори пред објектите, ќе се соочат со соодветни поднесоци и со законски предвидените парични глоби кои се движат од 500 до 1000 евра и плус 100 за одговорното лице на објектот или од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност за правните лица.

error: Content is protected !!