Врнежите од снег не предизвикаа поголеми проблеми во тетовскиот регион

Надлежните велат дека сите патишта се проодни.

Снежните врнежи на првиот ден од месец април повторно ги ангажираа екипите на Јавното претпријатие Македонија пат, кои денес излегоа на терен за чистење на снегот од коловозите. Според раководителот на тетовската секција, Дејан Јовановски, сите регионалниот патни правци се проодни.

Сообраќајни проблеми нема ниту на градските улици и локалните патишта, информираа од Општина Тетово.

Од синоќа во Тетово и тетовско се формираше снежна покривка од 20-тина сантиметри, додека на Попова Шапка наврнаа 40-тина сантиметри снег. Според Управата за хидрометеоролошки работи утре и задутре времето ќе биде стабилно со минимални температури, во поголемиот дел од земјава под нулата.

error: Content is protected !!