Втор Конгрес на Алијансата за Албанците

Досегашниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ќе ја води партијата и во следните 4 години. Тој ја доби довербата на мнозинството од делегатите на вчерашниот втор партиски конгрес. Беше избрано централното собрание и беа усвоени статутарни измени за како што велат, да бидат поефикасни и поорганизирани во пресрет на изборите. Новата платформа на партијата предвидува еднаквост во државата и уставни промени, рече Села.

Со реакција дека изборот на Села е нелегитимен, излезе Љатив Арифи, кој вели дека е еден од основачите на партијата. Тој вели дека е прекршен статутот на партијата, дека ова е негов трет мандат.

Како одговор на реакцијата на Арифи, Села вели дека секој има право на свое мислење и истакна дека ова е втор конгрес на партијата и не може да биде негов трет мандат.

Инаку вториот конгрес на партијата се одржа под мотото „Избери иднина со Алијанса за Албанците“.

Данијела Билбилоска