Втор протест во Тетово против поскапувањето на струјата

Неколку илјади граѓани вчеравечер маршираа до градскиот плошта во Тетово, реализирајќи го вториот протест во знак на револт заради поскапувањето на електричната енергија. Граѓаните се гневни и разочарани, рече Аријанит Џафери од невладината „Еко Герила“.

Барањата на организацискиот одбор се: Регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите, како и да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании.

error: Content is protected !!