Вчера во тетовско-гостиварскиот регион казнети се 122 лица за неносење маска

Полицијата привела 19-годишен гостиварец кој се сомничи дека извршил кражба, како и 20-годишна државјанка на Украина поради злоупотреба на туристичкиот престој. Билтен на СВР Тетово.

Во редовната статистика на Секторот за внатрешни работи Тетово за казнети лица кои не носеле заштитни маски, во текот на изминатото деноноќие на вкупно 89 лицa од Тетово и 33 лица од Гостивар изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. Во овој период на 68 лица од Тетово и 100 лицa од Гостивар изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на 1150 лица во Тетово и 450 лица во Гостивар со вакви решенија и  при тоа не било констатирано непочитување на решенијата.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден привеле две лица. 19-годишник од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека извршил кражба во објект во близина на гостиварскиот голем пазар. При акциска контрола, пак, во угостителски објект во гостиварски Добридол лишена е од слобода 20-годишна девојка од Република Украина поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта.

Лицата се задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и расчистување на случаите.

49-годишен жител на тетовско Пршовце, вчеравечер во СВР Тетово пријавил дека предходно додека се наоѓал во неговото паркирано возило пред семејната куќа, му се доближил и физички го нападнал 28-годишник од тетовско Глоѓи. Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет со кој му нанел повреди на левата рака, по што се оддалечил од местото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај продолжува со засилени контроли во јавниот превоз на патници. Во вчерашните активности  биле откриени и санкционирани пет возила без лиценца за вршење на ваков вид превоз и на нивните сопственици изготвени им се соодветни кривични пријави.

Во рамките на овие активности, исто така, биле откриени и санкционирани и пет лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, двајца возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања и шест непрописно, односно погрешно паркирани возила, како и други видови сообраќајни прекршоци.

error: Content is protected !!