Гала премиера на документарниот филм „Талија“

Во документарниот филм „Талија“ посветен на тетовското драмско студио, преку бројните интервјуа публиката имаше уникатна можност одблиску да се запознае со почетоците и развојот на театарската уметност на тетовското поднебје, за многубројните одиграни претстави низ годините, но и за големата љубов на тетовските актери покрај сите предизвици да играат на „штиците кои живот значат“.

Документарниот филм „Талија“ посветен на тетовското драмско студио, вчеравечер премиерно во Центарот за култура во Тетово, беше прикажан пред пошироката тетовска јавност. Во филмот преку бројните интервјуа, публиката имаше уникатна можност, одблиску да дознае за почетоците и развојот на театарската уметност на тетовското поднебје, за многубројните одиграни претстави низ годините, но и за големата љубов на тетовските актери покрај сите предизвици да играат на „штиците кои живот значат“. Документарецот приреди двочасовно уживање за многубројната присутна публика, која со громогласен аплауз ја награди работата на режисерот Саше Серафимовски и сите учесници во „Талија“.

Процесот на подготовка на филмот „Талија“ се одвивал речиси седум години, по почетокот на снимањето во 2015 година, под покровителство на Музеjот на тетовски крај. Лани филмот имаше премиера пред потесната тетовска публика.

Ивана Серафимовска