Глутници бездомни кучиња сеат страв во Тетово

Иако од Општина Тетово тврдат дека се работело на третирање на бездомните кучиња, сепак ситуацијата во градот е алармантна за жителите. Животните во глутници сеат страв, а од почетокот на годинава отштета поради каснување побарале 28 лица. Локалната самоуправа вели проблемот е актуелен во целата држава.

Тетовчани деновиве на социјалните мрежи алармираат дека низ градот се движат во глутници и по десетина бездомни кучиња. Се жалат дека не се чувствуваат безбедно и бараат надлежните да преземат мерки.

Од Општината велат дека секојдневно се носат кучиња од други населени места и дека нивни екипи иако ги следат, не е едноставно да ги идентификуваат лицата кои ги носат. Тврдат дека договорот со Амос шелтер за заловување 82 бездомни кучиња е испочитуван, а за понатамошни акции дополнително ќе се разговара.

Согласно новиот правилник за отштета, во Општина Тетово во процедура се 28 пријави за каснувања од бездомни кучиња, од почетокот на годинава.

Данијела Билбилоска