Говор на омраза на спортските трибини
Црвениот картон се доделува на спортистите заради неспортско и недолично однесување на натпреварите. Но, понекогаш, и оние кои ги бодрат тимовите на теренот практикуваат несоодветно однесување на трибините. Говорот на омраза бил честа појава во Тетово и регионот во минатото, па навивачките групи се користеле со навреди, пцовки, довикувања и слични други гестови кои според дефиниција припаѓаат на говор на омраза. Не бил исклучок и по некој инцидент. Најголем дел од случаите биле на национална основа.
Познавачите на тематиката, односно искусните спортисти и спортски новинари говорат дека за среќа, намалена е појавата на ширење говор на омраза на спортските трибини во овој регион.
Поранешните спортисти потенцираат примери од други Европски земји, но сите како решение за спречувањето на ширењето говор на омраза го потенцираат спроведувањето на законот и едукацијата.
Заклучокот на сите е дека спортот е дисциплина која ги потенцира вистинските вредности, чија цел е да зближува, а не да ги разделува, преку поттикнување на здравјето и одржување на здравиот и тимски дух кај луѓето.
Маја Пероска