Годинава месецот Рамазан за муслиманските верници тече со ограничувања поради пандемијата со коронавирусот

Сите верски обичаи на муслиманските верници за Светиот месец Рамазан се прилагодени на актуелната ситуација и мерките кои се преземаат за да се спречи ширењето на коронавирусот. Џамиите се затворени, а верниците се молат во своите домови, додека на ифтар се собираат само најблиските. Во рамазанскиот месец муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења, да постат и да избегнуваат лоши мисли. 

Верниците се согласуваат со мерките за заштита и велат дека треба да се почитуваат, затоа што се работи за доброто на сите.  

Рамазан е време на пост, молитва и солидарност, во кој верниците целодневно се воздржуваат од конзумирање храна и пиење, но и од лоши мисли и дела. Постот почнува со изгрејсонце и трае до зајдисонце. По завршување на месецот Рамазан следува тридневен празник Рамазан Бајрам.

error: Content is protected !!