Годишнина од поставување камен темелник на храмот „Свети Атанасиј“ во Џепчиште

Со вечерна богослужба, водосвет и режење на кумските колачи, се одбележа годишнината од поставувањето и осветувањето на камен темелникот за возобновување на храмот „Свети Атанасиј“ во село Џепчиште. Беше извршена и вечерна богослужба. Верниците, почитувајќи ги мерките за заштита, запалија свеќи за здравје, а на некои од нив им се падна паричката од осветените лепчиња.

Богослужбата, водосветот и режењето на кумските колачи ги изврши протејереј Љубиша Блажески. На годишнината се определија и кумовите за идната година.

error: Content is protected !!