Голема полициска акција во гостиварско, уапсени единаесет лица

10 женски лица и сопственик на угостителски објект во село Добридол се лишени од слобода поради основано сомнение за извршено кривично дело „трговија со луѓе“. Вработен во пошта заработи кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Ноќеска 15 минути по полноќ до 02,00 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на 46-годишник од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Според информацииите на Министерството за внатрешни работи, при извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки на Република Северна Македонија, шест се државјанки од Република Албанија и една е од Република Косово, кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“. Против лицата по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 32 годишник од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, вработен во Македонска пошта  ја злоупотребил службената положба и овластување така што во временскиот период од јануари 2020 до 28.04.2020 извршил неовластено присвојување на парични средства во негова корист од трансакциска сметка на клиент, примател на пензија.

Имено, пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело „злоупотреба на лични податоци’’. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал.

error: Content is protected !!