Голем интерес за тетовските градинки и покрај пандемијата

Интересот на родителите да ги носат своите деца во градинките во Тетово и покрај пандемијата е голем. Меѓутоа ресорното Министерство не добило дозвола од Комисијата за заразни болести за зголемување на бројот во групите.

Нема зголемување на бројот на деца во градинките. Министерството за труд и социјална политика не добило дозвола од Комисијата за заразни болести да се згрижуваат повеќе деца, иако официјално го побарале тоа поради зголемениот интерес на родителите да ги носат децата во градинка.

Интересот за прием на деца во тетовските градинки и покрај пандемијата е голем.

Состојбата со пандемијата во тетовските градинки е стабилна. Во моментов се пополнети капацитетите во објектите на детската градинка Младост, а слободни места има само во Џепчиште.

Инаку во 5-те објекти на детската градинка Младост во Тетово се згрижени 350 деца согласно протоколите за работа во време на пандемија, според кој 12 деца е максимумот во групите од 0 до 2 години во јасли, 15 деца во останатите од 2 до 6 години.