Голем пожар во тетовското село Вејце

Повредени четири лица изгорен добиток и 5 објекти се последиците од големиот пожар кој вчера го зафати тетовското село Вејце.

Три семејства останаа без покрив над глава, успеаа да спасат само дел од гардеробата. Моментално се сместени кај нивните најблиски.

Пожарот започна од кај мојот сосед имам јас голем штета ми изгоре мене и плевната мебелот покуќнината имав крави добитичната храна тоа се се стори пепел, но благодарение на селото се спасивме, рече еден од оштетените

Штетите се големи, се работи за објекти од збиен тип, а ветерот го попречуваше гасењето на пожарот Се интервенираше со 2 противпожарни камиони и седум пожарникари.

-Имавме пријава дека гори само една плевна, но додека одевме кон селото, поради силниот ветер ни јавија дека огнот зафатил уште неколку објекти поради што моравме да пратиме уште противпожарни возила. Но, кога стигнавме до селото повторно на виделина излезе еден проблем за кој долго време зборуваме дека конечно треба да се реши. Поради тесните улици не можевме да се пробиеме со големите цистерни. Само со две помали противпожарни возила успеавме некако да дојдеме во близина на местото на пожарот, па со монтирање подолги црева, го гасевме пожарот,рече Ука Алити  

Полицијата има извршено увид и работи на целосно расветлување на случајот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App