Горан од Гостивар, преживеан патник во кобниот автобус: „Да не заборавиме и да извлечеме поука“

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Горан Наумовски од Гостивар е еден од патниците кои ја преживејаа трагичната несреќа со автобусот на Дурмо Турс. Присеќавајќи се на страшниот настан од ланскиот 13 февруари,гостиварецот вели дека по првиот удар што го почувствувале, не мислел дека нешто толку лошо ќе се случи. Но, потоа уследил уште еден, па трет удар на автобусот….

„ Во првиот момент кога се слушна удирање во првата банкина,ние коишто бевме назад, не знаевме што се случи. Јас лично помислив дека сме удриле во некој автомобил на минување, и некако мислев дека се` ќе биде добро, но следуваше втор, па третиот удар во банкината од другата страна на автопатот. Потоа следуваа некои десетина секунди тишина, веројатно кога сме биле во воздух и потоа следуваше навистина страшен удар кој буквално не растресе сите. Тогаш веќе станав свесен дека се случува нешто многу лошо. Се обидов да станам и да излезам од автобусот, малку погледнав назад, глетката беше хорор, нешто страшно. Автобусот падна со потешкиот дел и моторот беше влезен внатре во самиот автобус. Успеав да излезам, а поради сите повреди што ги имав здобиено паднав на земја. Покрај мене имаше многу од патниците кои беа во лоша состоја. Потоа, некое време сум бил во несвест, а кога се присвестив собрав сила и видов околу себе многу луѓе кои молат за помош.“, ни раскажа Горан. 

Тој нагласи дека жителите на Ласкарци кои несебично притрчале на помош спречиле загубите да бидат уште поголеми:

„Благодарност до сите оние кои притрчаа така брзо жителите на Ласкарци постапија на еден човечен начин, на сите ни излегоа во пресрет. Може да гарантирам дека нивното навремено и брзо реагирање придонесе да нема уште поголем број на жртви, за што сите треба да им бидеме благодарни. Тие покажаа едно добро справување со такви ситуации каде пред се` треба да се биде човек, иако тоа и нив ги снајде како од небо паднато“.

Да учиме од грешките за да не ни се повторуваат несреќи со фатални последици, порача Горан.

„Не сакам да драматизирам, траумите остануваат, кај некого повеќе, кај некого помалку. Животот и покрај се` е убав. Но, не треба да заборавиме дека во несреќата беа загубени човечки животи, семејства останаа без своите најмили и едноставно да учиме од грешките, да не ни се случуваат истите работи во иднина.“

Материалы по теме:

Општина Гостивар апелира институциите да доаѓаат на состаноците на Кризниот штаб
Многу празни столчиња во салата на Општина Гостивар, кадешто се одржува состанок на Кризниот штаб за состојбата со коронавирусот. Иако токму овој период, Гостивар ...
По затворањето на епидемиологија во Гостивар, тестирањето продолжува на привремен пункт
На гостиварското подрачје, до сега за присуство на Корона биле тестирани вкупно 97 лица. По затворањето на епидемиолошката и микробиолошката служба, откако еден вработен ...
Предавања за заштита од коронавирус во Гостивар
Мијте ги рацете со сапун и вода, често. Кога кивате или кашлате, правете го тоа во марамче. Одржувајте високо ниво на лична хигиена. Ова ...
Во болницата во Гостивар почина пациентка позитивна на Ковид 19
Жена од село на подрачјето на Општина Врапчиште, кај која бил потврден коронавирус, вчера починала во општата болница во Гостивар. Позитивниот резултат од тестот, ...
За паушали на советниците во Тетово и Гостивар годишно се трошат по 104.000 евра
Вкупната годишна сума што ја добиваат членовите и претседателите на општинските совети во земјава надминува 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. ...