Горан Јосифоски – Џемо го фати крстот во „Св.Кирил и Методиј“ – Тетово

Горан Јосифоски – Џемо беше најсреќниот на Водици во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, во Тетово. За него ова е прво скокање по светиот крст. 39-годишниот Горан, посака здравје и радост за сите граѓани.

„Прв пат скокам по крстот и оваа година јас го фатив. Очекувам радост, среќа и здравје“, рече Јосифоски.

Митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф, отслужи празнична архиерејска литургија, а во дворот на црквата изврши чин на водосвет и спуштање на осветениот крст. На празникот беа присутни и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Соборниот храм беше преполн со верници, кои во голем број го одбележија празникот Богојавление – Водици.

error: Content is protected !!