Гостиварец нападнат во својот дом

Пожари во куќа и на отворен простор. Ова се дел од информациите на полицискиот билтен на СВР Тетово.

30-годишен гостиварец вчеравечер пријавил дека во неговиот дом физички бил нападнат од 21-годишник и уште три други лица, кои во нападот користеле и тврд предмет.


Во СВР Тетово пријавени два пожари. Опожарен бил покрив на куќа во изградба во гостиварска Лакавица, додека во пожар избувнал во месноста „Брзотек“, атар на гостиварското село Врбен, со кој биле зафатени околу 3000 метри квадратни сува трева и нискостеблеста вегетација.

Во вчерашната акциска контрола на тетовско подрачје откриени се 20 возила со непрописно вградени фолии, од кои на 17 возачите сами ги отстраниле, додека 3 ќе се соочат со поднесоци за неатестираните фолии. Откриени, исто така, се и 41 возач кој додека управувал возило зборувал на мобилен телефон, 8 возачи без положен возачки испит, 1 со истечена регистрација на возилото, 1 со неисправни сопирачки на возилата и 2 лица кои им ги дале возилата на возачи без положен возачки испит. Сите констатирани прекршоци во акцијата заокружени се со соодветни поднесоци, а 10 возачи веднаш се исклучени и од сообраќај.

error: Content is protected !!