Гостиварски театар ја подготвува претставата „Полковникот птица“

Актерската екипа на Гостиварски театар ја одржа првата читачка проба на претставата „Полковникот птица“, со која ќе ја стартува 2020-та година. Се работи за траги-комедија, работена по текст на бугарскиот драмски писател, Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски.

„Почнуваме со подготовка на новата претстава, прва за 2020-та година. Воедно ова е и официјално првата професионална претстава на македонски јазик во Гостивар.“, рече директорт на театарот, Висар Вишка.

Во претставата учествува целиот ансамбл на Гостиварски театар.

“Ова е одлична траги-комедија, која би ја нарекол ода на лудоста. Таа го поставува прашањето, кој од нас е нормален, а кој е луд. Самите ликови се стремат да станат подобри луѓе, па се надевам дека со оваа претстава барем за малку сите ние ќе станеме подобри луѓе“, изјави режисерот.  

Почетокот на подготовите на новата претстава на Гостиварски театар ги проследи и министерот за култура Хусни Исмаили.

Дејствието на „Полковникот птица“ е врзано со група на ментално болни луѓе, кои живеат во лудница. Таму по грешка стигнува хуманитарна помош, што пак нив ќе ги охрабри да се организираат да одат во Стразбур, да бараат правда и решение за својот проблем.

error: Content is protected !!