Гостиварското подрачно одделение на Центарот за јавно здравје Тетово е затворено

Гостиварското подрачно одделение на Центарот за јавно здравје Тетово е затворено, откако медицински техничар од оваа здравствена институција добил позитивен резултат на коронавирус. На дваесетина колеги на заболениот им се земени брисеви и се пратени на домашна изолација.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека во рамки на можностите ги обавуваат задачите на гостиварските колеги.

Во меѓувреме се чекаат инструкции од Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа во Тетово се регистирани две нови лица заболени од КОВИД 19. Исто толку нови пациенти со коронавирус има заболено и во Гостивар.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, информираат дека Тетово е веќе град со локална трансмисија и станува несигурен град, затоа што граѓаните не ги почитуваат мерките за самоизолација.

Со новите 4 пациенти заболени од коронавирус, два во Гостивар и два во Тетово, вкупната бројка на заразени од КОВИД 19 во целиот полошки регион изнесува 21, од кои 17 во Тетово и четворица во Гостивар. На ниво на цела држава позитивни на коронавирусе се 483 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App