Гостиварци точно на пладне го блокираа патот кој води кон регионалната депонија Русино.

Гостиварци точно на пладне го блокираа патот кој води кон регионалната депонија Русино. Нема да се пропуштаат возилата кои носат смет. Откако ќе се локализира пожарот на депонијата и добијат ветувања ветување за затворање на Русино и избор на нова локација за одлагање на сметот од полошките општини, блокадата нема да важи само за камионите на гостиварски комуналец.

Гостиварци и членови на иницијативата Стоп Русино ќе дежураат 24 часа со ноќни смени.

Ќе одмораат во шатор, а рампата ќе биде затворан за сите возила кои пренесуваат комунален смет. Блокадата велат ќе важи и за гостиварски комуналец, се додека не се исполнат нивните барања.

Матески од Иницијативата СТОП Русино вели дека добил закани од директорот гостиварски комуналец Исак Лазами, откако иницијативата Стоп Русуно ја најавила блокадата.

Лазами пак поплaднево излегуваше од полициската станица Гостивар. Бил повикан поради закана која како што вели воопшто никому не ја упатил. Истовремено полицијата ја известил за блокадата на група граѓани и за последиците од неа. Вели неговото претпријатие ќе продолжи да го носи сметот во Русино, затоа што се работи и на барањата на иницијативата Стоп Русино.

Регионалната депонија Русино работи без никакви стандарди загадувајќи ја водата почвата и подземните води. Највеќе страдаат жителите од околните села.

Повеќе од еден месец депонијата гори, а надлежните наместо решение си ја префрлаат одговорноста за еколошката бомба во гостиварско.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!