Гостивар доби нова детска градинка

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Ќе се скратат листите на чекање за прием во детските градинки во Гостивар. Денес официјално беше пуштена во употреба новата градинка во Долна Бањица. Предвидени се паралелки на турски, албански и македонски јазик, а објектот е со капацитет од 70-тина деца. Симболичната црвена лента на отворањето ја пресекоа министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска и градоначалникот Арбен Таравари.

„Голема чест ми е што заедно со градоначалникот присуствуваме на отворањето на новата градинка во Гостивар. Огромно е задоволството, затоа што при отворањето на вакви објекти овозможуваме сместување на најмладите, на децата од претшколска возраст во организирани воспитно-сместувачки објекти коишто ќе овозможат градење на здрави, психо-емотивно способни капацитетни личности кои во текот на образованиот процес понатаму, ќе влезат подготвени“, нагласи Шахпаска.

Градоначалникот Таравари рече дека новите градинки во Гостивар се отвораат благодарение на добрата соработа со Министерството за труд и социјала.

„Да бидам искрен до крај, ние како опозициска општина единствено имаме добра соработка со Министерството за труд и социјална политика, со претходната министерка Мила Царовска, а се надеваме дека така ќе продолжиме и со новата министерка.“, изјави градоначалникот.

Министерката Шахпаска од Гостивар испрати порака дека доколку се почитуваат доследно протоколите, градинките ќе останат безбедни и заштитени од ковид зараза.

Новата градинка е сместена во објект на поранешното основно училиште во Долна Бањица. За адаптација, реконструкција и опремување биле потрошени околу 110 илјади евра, пари од министерството и општината.

Материалы по теме:

Во сабота Меморијален марш во спомен на жртвите во несреќата кај Ласкарци
Во сабота, 13 февруари се навршуваат две години од трагичната автобуска несреќа близу Ласкарци, која го зави Гостивар во црно. Несреќата одзеде 16 човечки ...
Деца запоставени од родителите талкаат по улици во Гостивар
За детството обично се вели дека е најбезгрижниот период од животот. Но, примерот со овие дечиња од Гостивар, докажува дека ова не важи за ...
Дневниот центар во Гостивар четири месеци работи под посебни протоколи
Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гостивар, четири месеци функционира под посебни протоколи за заштита од коронавирус. Установата претходно имаше шестмесечна пауза ...
Силен земјотрес со епицентар во Леуново го стресе полошко
Утро со страв и вознемиреност за граѓаните во полошко. Силен земјотрес со јачина од 5 степени по рихтеровата скала го стресе регионот. Сеизмолошките станици ...
Во Гостивар досега вкупно 50 тестирани за корона, нови позитивни нема
Брачен пар којшто се наоѓал во државен карантин во еден од хотелите во Маврово, бил пренесен во болницата во Гостивар, откако мажот добил симптоми ...