Гостивар има позитивен природен прираст на населението

Toa го прави еден од ретките региони во земјава со повеќе новороденчиња од починати лица. Сепак, податоците од матичните служби го вадат на виделина и трендот на иселување на млади семејства. Околу 40% од запишаните новороденчиња во Гостивар лани, се родиле во странски држави.

Гостиварското подрачје е едно од ретките во земјава кое се уште успева да го зачува стабилно нивото на наталитет и има позитивен природен прираст, односно повеќе новороденчиња од починати лица.

Таквата состојба се задржала и минатата година, покажува евиденцијата на матичното одделение во Гостивар, кадешто се бележат статистиките за наталитетот и морталитетот. Сепак, податоците од службите го вадат на виделина и трендот на иселување на млади семејства, којшто станува се поизразен во последната деценија.

Околу 40% од запишаните новороденчиња во Гостивар лани, се родиле во странски држави.  

Во однос на починатите лица, статистиката за 2019-та покажува пораст во однос на претходната година.

Инаку, просечно животниот век во земјава трае 72 години кај мажите и 75 кај жените, додека просечната возраст на родилките е 28 години.

error: Content is protected !!