Гостивар ја пребродува кризата со корона, почитување на мерките сепак мора да има

Кризата со коронавирусот на гостиварското подрачје постепено се надминува. Состојбата е стабилна без пораст на заболени, оценуваат надлежните. Од  вкупно 19 дијагностицирани лица со коронавирус во трите општини од регионот Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше, 14 се оздравени. Два случаи завршија со смртен исход, а моментално како активно заболени се водат 3 пациенти.

„Може да кажеме дека состојбата доста се стабилизира. На нашето инфективно одделение моментално се двајца пациенти. Едниот треба да се потврди како оздравен со втор негативен тест и пациентка од Ростуше, чиј резултат на коронавирус е негативен, но со оглед на дијагнозата пневмонија, лекарите проценија дека треба да болнички да се лекува до понеделник. Нови заболени нема, бројот на оздравени задоволува, и може да се каже дека Гостивар полека ја пребродува кризата. Секако граѓаните треба да продолжат да ги следат и почитуваат мерките за заштита, за да не дозволиме нови случаи и ширење на болеста“, изјави директорот на болницата во Гостивар, Јакуп Јакупи.

Повеќе од два месеци, болницата во Гостивар функционира под посебни мерки за заштита и ссамо за итни и недоложни пациенти. Јакупи вели дека очекуваат во наредниот период да се почне со нормализирање на работата на сите одделенија и болнички амбуланти.

Планот е изготвен, а за роковите се чекаат насоките од Министерството за здравство.

error: Content is protected !!