Гоце Јанкулоски именуван за нов началник на СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово доби нов началник. За прв човек на секторот е поставен 47 годишниот Гоце Јанкулоски од тетовска Брвеница. Новиот началник има работно искуство како инспектор во крим полиција во Тетово, а последното работно место пред назначувањето му беше- инспектор по превенција во Полициското одделение во Групчин.

Досегашниот началник на СВР Тетово, Амир Далипи станува дополнителен заменик началник на секторот.

Јанкулоски е именуван од страна на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, со решение од 16 февруари

Согласно Законот, техничкиот министер има право да изврши вкупно 15 промени на раководни места низ секторите во Министерството за внатрешни работи.

Промената во тетовскиот Сектор е токму 15-та, што значи последна која му следува на  Чулев.

error: Content is protected !!