Градинката Тетекс ќе има нов надворешен лик

Објектот Тетекс на детската градинка Младост во Тетово ќе добие нов надворешен лик. Се работи на бојадисување на фасадата, по што ќе се уреди и дворот. Во сите објекти се прават и последните подготовки за прием на децата кои имаат неопходна потреба да престојуваат во градинка.

Откако се олабавија владините мерки за заштита од ширење на коронавирусот во детската градинка Младост во Тетово започнаа активности за уредување на надворешноста на објектот, но и подготовка на просториите за прием на децата.

Во тек е бојадисување на фасадата, по што ќе се уреди и дворот во кој ќе се постават нови клупи, ќе се поправат детските реквизити, а ќе биде променета и влезната врата.

Во насока на превенција од ширење на заразата идната недела ќе се направи скрининг на вработените во градинките во Тетово.

error: Content is protected !!