Градска библиотека Гостивар: Има ли интернетот предност пред книгите?


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Во Гостивар нема многу места кадешто може да се купат книги, но затоа градот ја има една од најснабдените библиотеки, со над 60 илјади книги. Библиотеката функционира во склоп на Центарот за култура АСНОМ и е поделена во два оддела, за деца и за возрасни. Ги запрашавме библиотекарите колку гостиварци ја негуваат и развиваат култура на читање и каква литература најчесто одбираат? 

Во одделот за деца има околу 600 членови. Тие најчесто доаѓаат за да позајмат книга која им е задолжителна лектира на училиште, а се` уште важат за најверни читатели.

„Може да кажеме дека порано, постоеше поголема заинтересираност за читање. Ова нека биде како еден апел до учителките и родителите да ги мотивираат децата да поминуваат повеќе време со книгите.“, вели Зејние Хорвати, библиотекар.