Граѓаните да не се опуштаат и покрај ниските бројки на новодијагностицирани пациенти со ковид 19

Во болница се хоспитализирани 15 пациенти, од кои 90% се во потешка здравствена состојба.

15 хоспитализарани пациенти со ковид 19 во тетовската Клиничка болница, најголемиот дел од нив се со потешка клиничка слика. Според возраста сите се над 65 години. Бројот на амбулантските прегледи е зголемен, вели доктор Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.

Заклучно вчера во Тетово и тетовскиот регион имало 225 активни случаи со ковид 19. Доктор Нуредини вели дека минатата недела имало благо покачување на бројките, но иако засега е стабилна, сепак граѓаните да не се опуштаат.

Инаку, 55 здравствени работници од ковид центарот и амбулантите, кои се во првите борбени редови против ковид, следниве денови ќе се вакцинираат во Скопје.