Граѓаните на Тетово со поделени мислења околу полицискиот час

Во Тетово не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19 во последното деноноќие. Од оздравените 14 лица кои ги регистрира Институтот за јавно здравје, 11 се од Тетово. За жал, има и еден починат пациент од Тетово на возраст од 84 години. Граѓаните на Тетово поделени со мислењата. Некои сметаат дека мерките се почитуваат и полицискиот час треба да се укине, додека други мислат оти мерките за заштите не се почитуваат а се уште е рано укинувањето на одлуката за забрана за движење.

„Уште е рано. Не треба да се укине, многу има случаи“.

„Треба да се укине, нема потреба. Мерките се почитуваат, некаде не, ама генерално се почитуваат“, велат граѓаните.

Министерството за здравство во изминатите 24 часа регистрира 16 нови случаи на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

error: Content is protected !!