Граѓаните не пријавуваат корупција оти не им веруваат на институциите


Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Пораст на корупцијата, непријавување на случаите поради недоверба во институциите, судството, здравството и полицијата како области со најмногу коруптивни дејства. Ова го покажало истражувањето спроведено во пет општини во земјава, меѓу кои и Гостивар. Вкупно биле опфатени околу 600 испитаници од различни возрасти и националности. Резултатите денес беа презентирани пред јавноста на јавна дебата во Гостивар.   

„Најголем дел од граѓаните не сметаат дека треба да пријавуваат корупција, најмногу поради тоа што довербата кон институциите на системот е многу ниска. Граѓаните не веруваат дека институциите ќе постапуваат по тоа што е нивен мандат, а втора причина е што се плашат од одмазда“, изјави Марија Димитровска, експерт.

Извештајот го подготви Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар, од каде нагласуваат дека корупцијата до сега како проблем не доволно се анализирала на локално ниво, што било и причина да го спроведат истражувањето.

„АДИ овојпат се определи да истражува корупција на локално ниво. Имаме анализи за перцепција на корупцијата на централно ниво, а на локално ниво малку се истражувало. Сакаме да поттикнеме дебата на оваа тема, но и да им укажаме на релевантните институции која е состојбата со корупцијата на локално ниво“, рече  Лулзим Хазири, извршен директор на АДИ.

На дебатата учествуваше и градоначалникот Арбен Таравари, кој потенцира дека за да се надмине проблемот со корупцијата во земјава, треба пред се‘ да се деполитизираат и професионализираат институциите.Податоците од истражувањето покажуваат дека граѓаните имаат најредовни контакти со институции во областа на здравството и полицијата, па според ова најголемиот дел од испитаниците рекле дека мито им било побарано од институција во областа на здравството,  следна е полицијата, па потоа судството. Митото во здравството најчесто е барано во врска со операција, во неколку случаи и лечење, а митото од полиција е во врска со казна или сообраќајка.