Граѓаните не ја почитуваат одлуката за носење заштитна опрема

Во изминатово деноноќие  за неносење заштитни маски на вкупно 173 лица  изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест предизвикана од „ковид-19“.Според оваа Уредба, секое домашно или странско физичко лице должно е да носи лична заштита при излегување надвор од својот дом, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

 Носењето на заштита на лицето е задолжително освен: доколку се носи посебна заштита на лицето во рамките на извршување на нивни работни обврски, ако се престојува во двор од куќа, ако се вози велосипед или индивидуално се спортува на отворено, ако се патува во возило со лица со кои живее во заедница или домаќинство и доколку се движи на отворен простор и е оддалечен на растојание од два матри од друго лице.

 Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице.

  Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со целосно спроведување на оваа Уредба

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!