Грипот во сенка на Ковид-19
Драстично намален број на појава на грипот – речиси и да нема случаи на инфлуенца кај пациентите. Речиси цела година доминира само појавата на новиот коронавирус кој предизвикува Ковид-19 заболување. Лекарите сметаат дека тоа се должи на практикувањето заштитни мерки – носењето маски, одржувањето физичка дистанца, па и дека било очекувано.
Специјалистот по семејна медицина д-р Светлана Трифуновска вели дека и заинтересираноста за вакцинација против грип оваа сезона била голема.
Од Институтот за јавно здравје Скопје соопштија дека бројот на заболени од грип годинава е намален за 73 проценти во споредба со лани.