„Грнчарството – занает и уметност“ – работилница во Музејот на тетовскиот крај
Во музејот на тетовскиот крај за оваа година била планирана грнчарска работилница. Но, 2020 со себе донесе низа предизвици па и голем дел од планбовите беа одложени. Денес, во просториите на Музејот се започна со планираната работилница, која ќе продолжи континуирано и во 2021 година. Занаетот грнчарство во минатото бил доста развиен во овој регион, но сега е во измурање.
Часовите ќе ги посетуваат ученици, а за практичен дел од работилницата ангажиран е грнчар занаетчија.
Од Музејот на тетовскиот крај се надеваат дека преку вакви активности, занаетите како грнчарството повторно ќе доживеат преродба.