Дали граѓаните на Тетово ќе излезат на избори?

Владата на синоќешната седница донесе Уредба со законска сила изборите да се одржат на 15 јули – датум што како конечен во текот на вчерашниот ден го прифатија и потврдија лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Потоа претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во времетраење од 8 дена. Што велат граѓаните за оваа одлука – ќе излезат ли Тетовци на гласање и колку ќе биде безбеден целиот изборен процес со оглед на високите бројки на новозаразени со коронавирус на дневна основа?

„Па би требало, ама можеби требаше да се почека. Ќе се почитува одлуката, ама со ситуацијата требаше да се стрпат месец два.“

„Не гласам…за кого да гласам?“.

„Ќе излезам, зошто да не. Мислам дека ќе биде безбедно“.

„Не верувам. Зошто до тука ни е веќе“ – одговараат Тетовци.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека крајно време е да се врати целосното функцнионирање на Собранието и државните институции,

„Време е Собранието и сите други државни институции да почнат со целосен ангажман за да бидат во служба на народот. Наша одговорност е тоа да го оствариме“, рече Заев.

Лидерот на опозициската ВМРо-ДПМНЕ пак, рече дека сите ризични групи на граѓани ќе може да гласаат од дома.

„Условите кои ги побарав ќе бидат исполнети. Сите ризични групи на граѓани, на овие избори ќе им биде овозможено да гласаат од дома“, истакна Мицкоски.

Гласањето на изборите ќе почне во 7 часот наутро и ќе биде продолжено за два часа од досега вообичаеното, односно непрекинато ќе трае до 21 часот. Министерството за здравство, согласно утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, се задолжи да обезбеди маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.

error: Content is protected !!