Дали ЈП „Градски Паркинг“ ќе биде даден под концесија?
Општина Тетово ја разгледува можноста ЈП „ Градски Паркинг“ да биде дадено под концесија преку моделот на јавно приватно партнерство. Денес во општинската сала се одржа јавна дебата за Физибилити студијата за оваа цел.
Физибилити студија за оправданоста на доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за давање на услуги за паркирање во општина Тетово кое се остварува како концесија за јавна услуга денес беше презентирана прeд вработените и општинската администрација.
Проектот анализиран за оваа студија ги опфаќа активностите за финансирање, реконструкција, управување и одржување на јавните површини- паркинзи и наплата од паркирањето.
Градоначалникот Биљал Касами вели ваквиот чекор е оправдан, затоа што со тоа би се подобриле услугите на Јавното претпријатие за паркинзи, затоа што Општината не може да инвестира поради лошата финансиска состојба.
Инаку “Градски Паркинг“ е единственото јавно претпријатие кое во моментов работи со позитивно салдо.
Данијела Билбилоска