Дарко Каевски во посета на Тетово

Директорот на Агнцијата за Млади и Спорт, Дарко Каевски, денеска беше во Тетово, каде изврши увид во изградбата на затворениот базен кој се гради на Спортскиот центар во Тетово.

Затворениот базен во Тетово планирано е да биде пуштен во употреба во септември следната година, но спред тоа како се одвиваат градежните работи, можно е тој да биде готов кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.

error: Content is protected !!