Да бидеме хумани, да донираме за Михаил


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Повреда при раѓањето на третото дете им промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага на лек за синот Михаил.

Со дијагноза – парализа на левата рака и по денови поминати со болнички третмани, добиваат надеж од клиника во Белград, соседна Србија, но за целокупното лекување и за престојот потребни им се 15 000 евра, кои не можат самите да ги обезбедат.

До пред 7 месеци, Михаил добивал терапија во Заводот за физикална медицина во Козле, која само му помогнала да не му атрофира раката, но не и да почне да му работи. За лекувањето во Србија се обратиле за помош до Фондот за здравствено осигурување, но добиле негативен одговор.

Како млад брачен пар, Ристоски не очекувале вакво нешто. Помислиле дека можат да се изборат со оваа неволја, но не било така лесно.

Семејството бара помош од хумани граѓани. Секој кој сака, во рамките на своите можности, да донира средства за лекувањето на малиот Михаил, за да може да се врати нормалната функција на неговата рака.

Жиро сметка за донации –

240197107964904 Уни Банка
на име Мирослав Ристоски