Да не се остава отворена вратата на кулата на Титов Врв, апелираат од ПК „Аргентус моунт“


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Планинарите апелираат на поодговорно користење на кулата на Титов Врв. Се оневозможува простојот во неа поради наноси снег, а причина се несовесните граѓани кои ја оставаат вратата отворена.

Планинарската кула на Титов Врв веќе неколку години е засолниште за планинарите, особено во зимскиот период.

Од Планинарскиот клуб Аргентус моунт од Тетово преку социјалните мрежи укажаа дека во неколку наврати била оставена отворена вратата на кулата, па поради тоа во внатрешноста е навлезена поголема количина снег поради што вратата не може да се затвори. На овој начин се загрозува безбедноста на планинарите.

Апелираат планинарите  совесно да се однесуваат при престој во кулата.

Кулата беше запуштена до 2016, така што со заедничка помош и солидарност на планинари од земјата и странство, како и со донации, ПК Аргентус моунт ја реновираше, односно беа поставени прозори и врата, беа санирани сите рушевини, за да биде планинарско засолниште во која било доба од денот и во кое било време од годината.