Да не се пие вода од чешмите во Тетово

Врнежите од дожд предизвикаа повеќе проблеми во тетовскиот регион. Водата од градскиот водовод се препорачува и денес да не се пие, откако вчера беше забележано заматување.

И денес жителите на Тетово не можат да пијат вода од чешмите поради  заматеноста во градскиот водовод, што е последица на обилните врнежи од дожд изминатите денови.

Препораките се уште важат, иако водата почнува да се разбиструва. Се чекаат микробиолошките параметри во текот на утрешниот ден.

Инаку, доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје информира дека дозволена вредност на матност е 1,5 НТУ мерна единица за матност. Во Тетово водата е бистра и просекот е од 0.4 до 0.6 НТУ просек. Денес од 0.7 до 1.4 во рамки на дозволено но двојно повеќе заматено од просекот. Кога беше најзаматена вредноста беше 11,1 НТУ па падна 6,6 за еден час. Повеќе хлор е поставен.

error: Content is protected !!