Да се следат информациите на банките за начинот на подигнување домашна платежна картичка

Деновиве пред банките се создаваат гужви дополнително поради издавањето на домашна платежна картичка од страна на банките, бидејќи корисниците одат да ги подигнат или само да се информираат за проектот.

Деновиве пред банките се создаваат гужви дополнително поради издавањето на домашна платежна картичка од страна на банките, бидејќи корисниците одат да ги подигнат или само да се информираат за проектот генерално, односно да добијат информација дали се меѓу граѓаните на коишто им следува домашна платежна картичка, без претходно да ја посетат веб-страницата. Во Тетово и денес имаше редици пред банките. Граѓаните чекаа подолго време за да влезат во филијалите за да ги завршат потребните обврски.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, апелираше банките подобро да ја организираат работата, за да не се создаваат гужви.

Од Македонската банкарска асоцијација апелираат корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката. Согласно важечките политики и процедури, повеќето банки, издавањето на домашната платежна картичка го организираат на начин што на клиентите, доставуваат СМС-пораки со информации за филијалата или експозитурата, датумот и часот за подигнување на картичката за секој клиент одделно. Во примена се, укажуваат, и веб-решенија и контакт-центрите на банките, со што потребата од доаѓање во филијалите и ескпозитурите  за информирање е сведена на минимум.

error: Content is protected !!