Дваесет и седум годишната Моника Ѓорѓевиќ е „Вешта жена 2020“ во Гостивар

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Викендов во Гостивар по осми пат се одржа манифестацијата Вешта жена, настан кој ги собира припадничките на понежниот пол на едно место, со цел да покажат што знаат и умеат со храната, но и да се дружат и забавуваат.

За победник беше прогласена 27 годишната Моника Ѓорѓевиќ. Нејзината свечена трпеза беше посветена на симболите и обичаите за празникот „Свети Трифун“.

„Уживам кога готвам. Со оглед дека професонално се занимаван со готвење, правам торти, воопшто не ми беше тешко да ги подготвам специјалитетите и да ја декорирам масата“, рече Моника.

Покрај неа, во натпреварувачкиот дел учествуваа и гостиварките: Наташа Србиноска со трпеза „Свети Валентин“ и Билјана Максимоска со трпеза „Цветна градина“

На манифестацијата имаше и две гран при трпези, подготвени од гостиварки кои се дел од Вешта жена од самиот почеток, Мирјана Србиноска со трпеза насловена „Ѕвезда водилка“ и Елизабета Питулкова со „Изгубеното богатство“.

Карванот Вешта жена 2020-та почна токму со манифестацијата во Гостивар.

„Од Гостивар го почнавме овогодинешното патување со манифестациите Вешта жена низ целата држава. Гостиварки, како и секогаш се покажаа како многу креативни, умешни и позитивни, им благодарам што донесоа убавина и ведрина во целиот настан“, рече Снежана Стојановска, претседател на здружението Вешта жена.

Победничката Моника ќе го претставува Гостивар на Републичкиот напревар за Вешта жена.

Материалы по теме:

Блокирана жиро сметката на Општина Гостивар
Општина Гостивар од утрово е со блокирана жиро сметка. Градоначалникот Арбен Таравари изјави дека сметката била блокирана од извршител, за неисплатени додатоци на плати ...
Започна дезинфекција на зградите во Гостивар
Во Гостивар започна да се спроведува дезинфекција на станбените згради како превентивна мерка од ширење на коронавирус. Прскањето го врши екипа на Јавното претпријатие ...
Во Гостивар ќе се гради уште една градинка
Во Гостивар ќе се гради нова градинка со капацитет од 100 деца. Со ова се очекува целосно да бидат задоволени потребите и барањата на ...
Три нови случаи на коронавирус во Гостивар
Регистрирани се три нови случаи на коронавирус на подрачјето на Општина Гостивар, две деца и повозрасна жена. Новозаразените се поврзани со вчера регистриранот позитивен ...
Кафетериите во Гостивар можат да продаваат кафе по шалтерски систем
Кафетериите во Гостивар добија зелено светло да продаваат кафе по шалтерски систем. Дозволата за продажба на кафе по принципот „купи и оди“, дојде по  ...