Двајца пријатели од Тетово живеат на работ на сиромаштијата

Животот во стара и дотраена куќа, со прокиснат покрив, без тоалет и вода, е секојдневието на тетовецот Славчо Блажевски. Четирите илјади денари социјална помош којашто ја зема, вели дека не му стигнува ниту за лекови, а камо ли за нешто друго. Принуден е и да питачи за да може да се прехрани. Студените денови коишто престојат се дополнителен проблем за Блажевски, бидејќи нема печка за греење, а и да има нема дрва за огрев ниту доволно пари за да плаќа струја. Блажевски бара помош од институциите, но и од хуманите граѓани да му помогнат колку што можат.

Во слична ситуација е и пријателот на Блажевски, кој за разлика од него не е корисник на социјална помош.

За Блажевски и Костиќ, добредојдена е секаква помош од храна, облека, обувки и слично, а сите кои сакаат да им помогнат тоа може да го сторат на следниот телефонски број 071 438 330.

Ивана Серафимовска