Двајца тетовчани на Специјалната олимпијада во Берлин

Двајца тетовчани дел од тимот од Македонија кој ќе земе учество на годинешните Светските олимписки игри за лица со попреченост. Тие интензивно се подготвуваат за натреварите кои ќе се одржуваат од 16 до 25 јуни во Берлин.

Тетовчаните Ифраим Љута, како атлетски селектор и Агрон Хајредини, како натпреварувач, ќе бидат дел од македонскиот тим кој ќе учествува на престојните Специјални олимписки игри, односно најголемото светско спортско инклузивно случување, кое годинава ќе се одржи од 16 до 25 јуни во Берлин.

За натпреварите се подговтуваат преку цела година, а интензивно тренираат изминативе неколку месеци. Се надеваат на медали и дека ќе го повторат успехот кој го имаа пред 4 години.

Агрон и Ифраим не се откажуваат од атлетиката иако во градот нема никакви услови за овој спорт.

Инаку во рамки на Специјалните олимписки игри оваа година учество ќе заземат илјадници атлети со интелектуална попреченост кои ќе се натпреваруваат во 26 спорта.

Данијела Билбилоска