Две лица од Гостивар ја напуштиле земјата иако имале решенија за изолација

За неносење маска казнети 64 лица.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 64 лицa (ТЕ-18 и ГВ-46) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. Во овој период на 4 лицa во гостиварско  изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на ТЕ-220 и ГВ-325 лица со вакви решенија и при тоа било утврдено дека две лица во гостиварско не ги почитувале решенијата и во меѓувреме ја напуштиле земјата.              

Вчеравечер 32-годишник од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека околу 19 часот, во гостиварската населба Малеарди, неговиот малолетен син, заедно со уште неколку други малолетници, физички биле нападнати од тројца малолетници, кои во нападот користеле и тврди предмети. Набрзо, тројцата напаѓачи на возраст од 15 и 16 години, сите од гостиварски Добридол, се идентификувани, лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во Тетово привеле 52-годишник од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето и го нарушил јавниот ред и мир. Албанскиот државјанин задржан е во Полициската станица станица Тетово за натамошна постапка и по целосното расчистување на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

Вчера во СВР Тетово пријавено е дека 27-годишник од Македонски Брод, сечејќи трупци во месноста „Мелник“, атар на селото Тануше, се повредил, по што бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

error: Content is protected !!