Движењето Антикоцкање бара политичките партии да го подржат новиот предлог закон за игри на среќа


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Во пресрет на денешната комисиска расправа во собранието, на која ќе се расправа за предлог законот за игри на среќа, од Движењето Антикоцкање ги повикуваат политичките партии да го подржат законот, кој предвидува сите објекти и обложувалници, да бидат оддалечени најмалку 3 километри од населени места.

Од Антикоцкање, велат дека сите политички партии освен ВМРО ДПМНЕ, дале зелено светло за подржувaње на законот во собраниската комисијa, но и негово гласање во Законодавниот дом. Се надеваат дека и партијата на Мицковски којa не се изјаснила, ќе го подржи овој закон.

Неодамна од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, излегоа со став дека со усвојување на новиот предлог закон, без работа ќе останат 7 700 лица, кои сега се вработени во спортските обложувалници и казина ширум земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *