Движењето БЕСА и Алтернатива потпишаа договор
Заеднички опозиционен фронт од денеска ќе промовираат Движењето БЕСА и Алтернатива. Договорот го официјализираа лидерите на двете политички партии, Биљал Касами и Африм Гаши, со потпишување декларација за соработка. Тоа би значело заеднички пристап на следните парламентарни избори, вели Касами.