Дворовите на 4 училишта во Тетово отворени за паркинг
Општина Тетово донесе одлука со која граѓаните ќе можат бесплатно да се паркираат во дворовите на 4 училишта во градот. Целта е зголемување на борјот на паркинг места и намалување на сообраќајниот метеж.
За време на летниот распуст дворовите на неколку училишта во Тетово граѓаните ќе можат да ги користат за паркирање на нивните возила. Од Општина Тетово велат дека оваа одлука е со цел да се намали сообраќајниот метеж и да има повеќе паркинг места со оглед на тоа дека во овој летниот период се зголемува бројот на возила со доаѓањето на времно вработените во странство.
Ваква мерка се спроведува неколку години наназад.
Данијела Билбилоска