Дебата за потребата од подигнување на свеста за попис

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа панел дискусија на која се дебатираше за потребата од подигнување на јавната свест за престојниот попис.

Како да се подигне јавната свест за пописот на населението во нашата земја и како граѓаните да се подготват за оваа статистичка процедура се дебатираше денес на Универзитет на Југоисточна Европа.

Ректорот Абдулменаф Беџети истакна дека потребни се многу напори за да успее оваа операција, а доколку започне истата ќе заврши успешно и дека сегашниот закон е многу подобар од оној од пред 10 години. Сепак неговото мислење е дека пописот нема да започне.

„Државата има меѓународна обврска да спроведе попис на населението и да покаже сериозност“, вели проф. д-р Јетон Шасивари.

На панел-дискусијата учестуваа и професорите Демуш Бајрами и Али Пајазити.