Девет ученици од „Моше Пијаде“ во Тетово ќе бидат вклучени во дуално образование

Германското стопанство во Северна Македонија преку кое се спроведува програмата за дуално стручно образование денеска потпиша меморандум за соработка со средното стручно училиште „Моше Пијаде“.

Девет ученици од Средното стручно училиште „Моше Пијаде“ во Тетово ќе бидат вклучени во дуално образование. Теоретскиот дел ќе го следат во училница, додека практичниот во германската компанија за производство на седишта Киел, каде ќе се обучуваат во струката „техничар за производно машинство“.

Денеска беше официјализирана соработката со потпишување меморандум помеѓу Германското стопанство во Северна Македонија со училиштето „Моша Пијаде“.

Програмата за дуално стручно образование се спроведува во седум градови во соработка со седум стручни училишта и 12 компании.

error: Content is protected !!